Средното училиште Гамбета во Арас, Франција, каде минатата недела беше убиен наставник, денеска е евакуирано поради закана за бомба, јавуваат медиумите.
Полициската екипа и екипите за експлозиви пристигнале на местото на настанот и се врши вештачење на ранците на учениците, јавува БФМ ТВ. Професорите и учениците од гимназијата „Гамбета-Карно“ се собраа во дворот на зградата спроти нивното училиште, а по нив следеше и персонал од цивилната заштита.
Alerte à la bombe au lycée Gambetta d’Arras. Le lieu est évacué dans le calme. #arras #dominique bernard pic.twitter.com/og7kVqgiwz
— 20 Minutes Lille (@20minuteslille) October 16, 2023
Франција од петокот вечерта го подигна нивото на безбедност на највисоко ниво, по убиството на учителот Доминик Бернар, кој беше избоден до смрт од млад човек пред гимназијата во Арас. Актот беше прогласен за „исламски тероризам“ во Франција, а претседателот Емануел Макрон нареди мобилизација на 7.000 војници за да се зголемат безбедносните патроли во земјата.
🔴 FLASH – #FaitsDivers : Le lycée #Gambetta d’#Arras, où un enseignant a tragiquement perdu la vie vendredi, a été évacué en raison d’une alerte à la bombe. Les opérations de déminage sont actuellement en cours. (Src : BFMTV) #lyceegambetta #ArrasTerror pic.twitter.com/Ht1CbuYYBQ
— FranceNews24 (@FranceNews24) October 16, 2023
Во тој инцидент уште три лица се тешко повредени, меѓу кои и напаѓачот.
Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен изјави во петокот дека нападот во Арас е поврзан со настаните на Блискиот Исток.
Поради нападот во училиштето Гамбета-Карно, поради безбедносни причини беа затворени музејот Лувр, како и Версајската палата и железничката станица Гаре де Лион.