594
Измената во законот која предизвика силни реакции од нотарите е обврската на граѓаните да ангажираат адвокати во нотарските постапки. Нотарската комора неколку пати повтори дека законските измени го нарушуваат правниот промет, а граѓаните ќе бидат изложени на дополнителни трошоци. Адвокатската комора пак тврди дека трошоците ќе останат исти, но ќе има поголема правна сигурност. Следното истражување на Љубиша Арсиќ дава одговори на повеќе дилеми во врска со новите одредби.