415
Кабинетот на американскиот потпретседател Џо Бајден, испрати соопштение по средбата со премиерот Груевски.
„Потпретседателот Џо Бајден денеска оствари средба со македонскиот премиер Никола Груевски. Потпретседателот и премиерот се согласија околу важноста за континуираната имплементација на Договорот од Пржино и од преземањето на дејствија кои се потребни за да се обезбедат веродостојни избори. Потпретседателот на САД ја истакна континуираната поддршка на САД за евроатланската интеграција на Македонија“, стои во соопштението на Белата куќа.