Тројката на средба со Јанева

by Фокус

Тројцата европратеници Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едуард Кукан денеска ќе имаат средба во Државната изборна комисија и со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, по што ќе ги кажат своите оценки од посетата во Македонија, односно каков е нивниот став во однос на имплементирањето на договорот од Пржино.

Вчера европратениците имаа средба во седиштето на СДСМ со претседателот Зоран Заев, а потоа во канцелариите на ЕУ инфо центарот во Скопје се одржаа средбите со лидерите на ДУИ и ДПА Али Ахмети и Мендух Тачи. Тие имаа и разговори и со Никола Тодоров, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, со оглед на тоа што Груевски е во САД.

По посетата на европратениците, в петок во Скопје ќе допатува и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан. Токму тој ден е и крајниот рок кога треба актуелниот премиер да се повлече од функцијата и да се формира нова влада според договорот од Пржино.

Поврзани новости