505
Невремето што денеска го зафати тетовскиот регион најголеми штети направи во Полог, каде, поради надојдената Поројска река, целосно е уништен еден дрвен мост, а друг е значително оштетен.
Освен овие мостови, кои беа целосно реконструирани од страна на инженерските единици на АРМ по поголемите поплави што го зафати регионот во 2015 година, засега во тетовската полиција нема пријавено друга материјална штета.
Поради излевањето на Поројска река со наноси кал, земја и камења во висина од метар до метар и половина, е прекинат сообраќајот на регионалниот пат Тетово-Јажинце на мостот од Поројска река што минува под патот.