Министрите Шекеринска и Спасовски ќе бидат и вицепремиери

by Фокус 19:24
19:24

На денешната прва седница на новата влада донесена е одлука министрите за одбрана и за внатрешни работи, Радмила Шекеринска и Оливер Спасовски, да бидат вицепремиери на владата, информираа од владата.

Замениците на премиерот Зоран Заев ќе му бидат и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и вицпремиерот за спроведување на Рамковниот договор Хазби Лика.

- Advertisements -

Освен тоа, на денешната седница паднала одлука Едмонд Адеми да биде министер без ресор задолжен за дијаспората, Роберт Попоски за комуникации, отчетност и транспарентност, Самка Ибраимовски за ромски прашања, Зоран Шапуриќ за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, а Рамиз Мерко, Аднан Ќахил и Зорица Апостоловска за странски инвестиции.

 

Поврзани новости