497
Ракометниот клуб Вардар денеска против Пик Сегед го игра последниот меч на домашен терен во овој ѕвезден состав, откако сопственикот Сергеј Самсоненко објави дека од наредната година се повлекува од европскиот шампион од 2017 година.
Салата Јане Сандански е исполнета до последното место (и нешто повеќе), а пред почетокот на натпреварот „Некст Тајм“ и околу 7.000 присутни ја испеаја „Ја излези Ѓурѓо“ за последно збогум со ракометните херои.