(ВИДЕО) Навивач на Чаир со боксови нападна кошаркар на Работнички

by fokus

Голем инцидент се случи вечерва на натпреварот од македонското кошаркарско првенство во салата „Шабан Трстена“ во Чаир меѓу истоимената домашна екипа и Работнички.

Еден симпартизер на Чаир втрча во теренот и го нападна плејмејкерот на Работнички, Ерик Нотиџ. Сепак играчите на двете страни беа присебни и спречија ескалација на ситуацијата

Инцидентот се случи во 14-та минута при водство на Работнички со 44:23. Натпреварот по инцидентот е во прекин.

ВИДЕО: Екипа.мк

Поврзани новости