(ВИДЕО) Нападнати новинарски екипи кај МНР, полицијата не интервенираше

by fokus

Турканици, навреди и закани беа упатени кон екипите на А1он и ТВ 21 откако се обидоа да го снимат езерото од фекалии кое настана во градилиштето спроти новата зграда на Министерството за надворешни работи, објави А1Он.

Порталот пишува дека непознато лице без да се легитимира ги избуткало новинарските екипи, а иако полицијата стоела на само десетина метри од местото, одлучила да се повлече и да не интервенира.

Лицето истакнало дека тоа е приватно земјиште, иако тоа е државно дадено на фирма од Девствени острови која на тоа место треба да изгради зграда.

Поврзани новости