МНР се поплави поради несоодветно поместување на фекалниот колектор

by fokus

Ископот за нова зграда што се наоѓа веднаш до зградата на МНР се наполнил со фекалии бидејќи компанијата која гради направила несоодветно поместување на фекалниот колектор. Ова е објаснувањео на ЈП „Водовод и канализација“.

Во текот на вчерашниот ден, јавното претпријатие вршеше испумпување на насобраните фекалии во Вардар, поради што мораше да ги блокира улицата „Филип Втори“ и мостот „Слобода“.

Испумпувањето продолжи и денеска, но за разлика од утринава, сега улиците се проодни. ЈП „Водовод и канализација“ најави тужба за изведувачот и ќе бараат оштета за направената штета и за санирањето на истата.

Поврзани новости