Груевски: Нашата генерација го живее сонот на бројни македонски херои

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска испрати честитка до граѓаните по повод Денот на независноста.

-Нашата генерација веќе четврт век го живее сонот на бројни македонски дејци и херои. Сон кој истовремено е и аманет за нашата и за идните генерации да продолжиме да ја градиме Република Македонија како стабилна и просперитетна држава. Уште на самите почетоци беа оспорувани нашите одбележја, нашата химна, знаме, име, валута, армија полиција, беше оспорувана способноста Македонија да биде самостојна одржлива држава. Не ги оспоруваа само некои од земјите од соседството, туку и некои од нашите сограѓани кои во тие историски моменти не влегоа со целото срце во битката за независност. Овој 8-ми Септември посакувам да биде дополнителен мотив заеднички и обединети да ги пребродиме и овие предизвици пред кои сме исправени, се вели во честитката на Груевски.

 

Поврзани новости