Новинарката Душица Мрѓа на денешниот новинарски протестен марш порача дека во Македонија за новинарите нема ниту селективна правда.
-Пред два дена јас добив честитка од државата дека и должам 31.000 денари за судски трошоци, затоа што го изгубив спорот во првостепена постапка и на Апелација. На онаа иста држава која во Судот тврдеше дека јас сама сум се довела во опасност бидеќи на 27 април во Собранието не сум носела шлем и панцир, бидејќи тоа било настан од висок ризок. А, тоа го потврди онаа судијка која сега се промовира за уставна судијка. Таа смета дека моето право на говор не било нарушено на крвавиот четврток, бидејќи јас во емисииите потоа сум можела да го кажам својот став.
Таа додаде дека држава без правда не може да биде држава, а во Македонија нема правда.
Правдата веќе не е ни селективна, особено за новинарите. Овде сум затоа што судовите во Македонија велат дека Трпеновски не е новинар, дека Билјана и колегите од Телма не им било загорезено правото на говор на 27 април, дека животот на Влатко не бил доведен во прашање. Тука сум и за сите колеги кои секојдневно трпат закани и притисоци. И да биде апсурдот поголем, во ова Собрание денес повторно се зборува за аменстија за крвавниот четврток. Правда за новинарите мора да има, рече Мрѓа.