ВИДЕО Мицкоски тврди дека има фуснота за македонскиот јазик, Попетрески побара да не манипулира

by Фокус

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за „360 Степени“, одговарајќи за македонскиот јазик и како тој е регулиран во Договорот од Преспа, тврдеше дека и претходно бил признаен во официјалната употреба на ЕУ.

-Сега знаете што е различно од тогаш? Различна е фуснотата – рече Мицкоски.

Новинарот Васко Попетрески, пак, побара Мицкоски да не ја манипулира јавноста бидејќи, според него, нема фуснота.

-Ама нема фуснота, немојте така, не ги манипулирајте граѓаните, ве молам господине Мицкоски. Значи, апсолутно, да има фуснота јас ќе го кажам тоа, немојте сега – рече Попетрески.

Во однос на тоа, Мицкоски изјави: „Добро, еве, нека биде така, па нека оценат граѓаните кој ги манипулира“.

Поврзани новости