(ВИДЕО )Минатата година имало упад во електронската пошта на СЈО

by fokus

Од Специјалното јавно обвинителство потрвдија дека во декември 2015 година бил извршен неовластен упад во електронската пошта на Специјалното јавно обвинителство, по што биле преземени сите чекори за зголемување на безбедноста.

-Напоменуваме дека во тој период немавме вработено лице кое би се грижело за информатичката безбедност на електронската пошта. Настанот не беше пријавен пред надлежните органи, бидејќи во тој момент немавме никаква реална штета од упадот, велат од СЈО.

Вчера пак, на Јутјуб беше објавено видео на кое се прикажани дел од мејловите на новинари кои бараат акредитација во СЈО, но и други службени дописи и информации разменувани меѓу Јанева и нејзиниот тим со други лица.

-Со оглед дека со објавата на Youtube каналот јасно е изразена целта на упадот во нашата електронска пошта, Ве известуваме дека ќе бидат преземени сите мерки за расчистување на случајот, велат од СЈО.

 

Поврзани новости