Се очекува осомничениот во „Трезор“, Горан Грујоски, да се појави на распит

by fokus 11:29
11:29

На распит во Кривичниот суд денеска се очекува да се појави Горан Грујоски, ек директорот на Петтата управа на УБК, за кога вчера од Специјалното јавно обвинителство побараа притвор, како еден од осомничените во случајот „Трезор“. Од судот ни изјавија дека засега немаат информација дали осомничениот, за кого е побарано притвор, е веќе во судот или допрва ќе биде повикан. Точни детали најавија за во текот на денот.

Штом осомничениот Грујоски ќе дојде во судот на распит, судија на претходна постапка треба да одлучи дали ќе му одреди мерка притвор, ќе се одлучи за некоја алтернативна мерка или ќе му дозволи да се брани од слобода.

- Advertisements -

Судија на претходна постапка треба да одлучи и за предлогот на СЈО за определување на мерки за претпазливост за останатите три осомничени лица, за кои е побарано од Судот да им ги одзеде пасошите.

Грујовски е еден од осомничените во случајот „Тврдина“, кој СЈО го објави во март. Тогаш истиот ден, Грујоски самиот се појави во судот, по што му беше одреден притвор во траење од 30 дена.  По неколку дена, судот му ја уважи жалбата и го укина притворот.

Вчера СЈО го презентираше случајот „Трезор“, во кој осомничени се три раководни лица од Управата за безбедност и контраразузнавање и едно лице од МВР.

Како што рече обвинителката Фатиме Фетаи, во истражната постапка било утврдено дека четвртоосомничениот им помогнал на првите тројца осомничени да ѝ овозможат на компанијата „Финзи“, со која управувал сега починатиот Коста Крпач, да оствари имотна корист во вредност од 862.045 евра.

Поврзани новости