527
Откако полицијата одлучи да почне да ги пропушта најранливите категории на мигранти, како жени и деца, настана уште поголем хаос на македонско-грчката граница. Од сите страни на границата почнаа да влегуваат и други мигранти, во повеќе групи.
Сајтот А1 ОН објави видео како мигрантите од различни страни се обидуваат да влезат на македонска територија, а полицијата трча по нив и ги брка по полињата.