„Амнести Интернешнл“: Паравоеното однесување на македонската полиција е неприфатливо

by Фокус

-Секоја земја има право да патролира на своите граници, но овој налик парвоен одговор е неприфатлив и не е во согласност со меѓународното право. Македонските власти се однесуваат како да се спратуваат со бунтовници и демонстранти, а не се бегалци од конфликти зони, рече денеска Гаури Ванк Гулик, заменик директор на европскиот огранок на „Амнести Интернешнл“ откако настана хаос на македонскато-грчката граница каде македонската полиција употреби и димни бомби за да ги спречи мигрантите да влезат на македонска територија.

Од „Амнести Интерешнл“ велат дека доколку извештаите за тепањата од страна на полицијата се точни, ова може да доведе до опасни ексалации и во онака тензичната ситуација, а сите држави имаат должност да ги заштитат оние кои бегаат од конфликт и прогонство.

-Илјадници бегалци, воглагно од Сирија, Авганистан и Ирак се заглавени и се соочуваат со сериозен ризик од насилство откако македонските власти во четвртокот одлучија да ја запечатат јужната граница креирајќи нова кризна зона во глобалната бегалска криза, се вели во соопштението од „Амнести Интернешнл“.

Поврзани новости