ЕК: Македонија има право да им забрани влез на мигрантите

by Фокус

-Македонија има право, во согласност со меѓународните закони, да ги контролира лицата кои сакаат да влезат на нејзина територија и да им забрани влез на оние кои не ги исполнуваат критериумите, се вели во соопштението на прес-службата на европскиот комесар за проширување, Јоханес Хан.

Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич за Мета изјави дека Комисијата одблизу го следи развојот на настаните и мерките кои ги преземаат или ќе ги преземаат властите и ги утврдува фактите.

Коцијанчич соопшти дека ЕУ веќе обезбедила 90.000 евра хуманитарна помош за Македонија за справување со мигрантската криза и додаде дека Комисијата е подготвена да и пружи дополнителна помош на земјата.

Поврзани новости