652
По неодамнешниот катастрофален земјотрес, Мексико го погоди уште еден силен земјотрес од 7.1 степен според Рихтеровата скала, а засега има најмалку 57 загинати објавуваат странските медиуми.
Епицентарот на земјотресот бил на 49 километри југозападно од Пуебло де Сарагоса.
Поради јачината на земјотресот, луѓето во паника трчале по улиците, што може да се види и на бројните видеа објавени на социјалните мрежи. Снимките покажуваат како зграда се руши по земјотресот.