(ВИДЕО) Лудница во Минхен – Хари Кејн потпиша за Баерн

by Fokus

Заврши една од најлудите приказни во летниот преоден рок на фудбалскиот пазар – Хари Кејн стана нов играч на Баерн Минхен.

По многу пресврти во преговорите, чекање на аеродром, бркање низ градот, капитенот на репрезентацијата на Англија успеа во својата цел.

Длабоко во ноќта беа извршени лекарски прегледи кои Кејн ги помина, а потоа ги стави и иницијалите на договорот со баварскиот тим.

Потоа тој триумфално се појави на терасата под која го чекаа неколку стотици навивачи на Баерн, кои цел ден и ноќ дежураа чекајќи го својот нов миленик.

Тоа го означи крајот на трансферот, а Баерн ќе го официјализира во текот на денот.

Тимот од Минхен сака Кејн да дебитира во уште вечерва кога против Лајпциг ќе се бори за трофејот во германскиот Суперкуп.

Натпреварот ќе се игра на „Алијанц Арена“ и ќе биде идеална можност да се промовира најголемото засилување по Роберт Левандовски.

Кејн долги години беше капитен на Тотенхем, но со премиерлигашот не подигна ниту еден трофеј.

Таа можност ќе ја има за првпат во кариерата по неполни 24 часа минати како играч на Баерн.

 

Поврзани новости