Хоророт од Градачац продолжува – сопственик на вежбална добива закани: Отворен е ловот за тебе, само да знаеш!

by Fokus

Се појавуваат нови детали за страшното злосторство во Градачац во БиХ, каде вчерашниот троен убиец Нермин Сулејмановиќ брутално ја убил својата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ и уште две лица пред да се самоубие.

Сопственикот на вежбалната, Емир Џиновиќ од Градачац, каде тројниот убиец Нермин Сулејмановиќ работел како фитнес тренер, вчера бил на местото на злосторството и го зел бебето по убиството на Низама Хеќимовиќ. Бебето преживеало, а убиецот ја оставил на подот.

– Да, го спасив бебето, беше спуштена на подот во локва крв. Таа е со мене сега, безбедна. Сцената беше страшна. Ја претепал својата несреќна сопруга, таа била непрепознатлива. Се знаеме долго време, тој работеше за мене, никогаш немаше никакви проблеми. Не знам како се случи ова – рече Џиновиќ.

Бебето завршило во болницата во Тузла, по што ќе биде предадено на социјалната служба.

Откако веста стигна до медиумите, Џиновиќ добил закани.

-Од вечерва ви е отворен ловот, само да знаете – стоело во пораката што ја добил од извесен Ф.С., пренесуваат босанските медиуми.

Поврзани новости