Се тресе тлото во Србија – утринава регистрирани три земјотреси

by Fokus

Апаратите на Републичкиот сеизмолошки завод на Србија рано утринава регистрираа три земјотреси.

Првиот земјотрес е регистриран во Крагуевац околу 5 часот утринава и бил со јачина од 2,1 степени според Рихтеровата скала.

Потоа, еден час подоцна, во Нови Пазар е регистриран земјотрес со јачина од 2,9 степени по Рихтер.

Последниот земјотрес утринава е регистриран во осум часот во Куршумлија и е послаб од претходните два кои го тресеа теренот во Србија.

Евидентиран е земјотрес со јачина од 1,6 степени според Рихтеровата скала.

Поврзани новости