Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц, очигледно е под силен стрес на конференцијата на која се дебатира за слободата на медиумите во западен Балкан во Виена , а на која се присутни и новинари од Македонија. Тој не престана да ги грицка ноктите, а засега се задржува само на пределот на рацете. Причината, за ваквото нервозно однесување на австрискиот министер се отворените критики што му беа упатени поради неговата неодамнешна поддршка на партијата што ја донесе Македонија на дното на Репортери без граници, според слободата во медиумите. Курц за време на парламентарните избори во Македонија држеше говор на митинг на ВМРО – ДПМНЕ во Скопје.
Освен грицкањето нокти, во кошот нездрави навики кои една личност може да ги демонстрира кога е под стрес психијатрите го вбројуваат и буцкањето во нос, цицање на палецот, вртење на косата, чкрипење со забите….
Што ли ќе демонстрира амбасадорот на австриската надворешна политика и култура во попладневната сесија на конференцијата за медиумската слобода ?
Видеото може да го погледнете на следниот линк: https://www.facebook.com/ida.protuger?fref=ts