Кога се сака, се може: Ахмети на македонско оро

by fokus

„Али Ахмети прозборе македонски’’ – беа насловите во повеќе медиуми, откако лидерот на ДУИ во изминатиот период даде неколку изјави на македонски јазик.

Но ако обраќањето на Ахмети на македонски некому му звучи чудно, како мало потсетување, Али не само што збори македонски, туку и одлично игра македонско оро.

Фотографии од лидерот на ДУИ заедно со поранешниот министер за здравство, а сега  портпарол на ДУИ, Бујар Османи, фатени на оро ни беа доставени од Бујар, уште пред пет години.

Станува збор за свадбената веселба на Османи со неговата сопруга Валбона, која што се одржа во скопски хотел во април 2012 година, а за која што портпаролот ни кажа дека помнала во одлична атмосфера, и на која што цела ноќ се играло.

В.К.

Поврзани новости