Заев очекува мирен и брз трансфер на власта

by fokus 15:15
15:15

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во моментов е кај претседателот Ѓорѓе Иванов за да му ги предаде потписите и да го побара мандатот за да формира влада. Пред да влезе во претседателскиот кабинет, Заев рече дека следува мирен и брз трансфер на власта.

-Ова е историски ден за Република Македонија. Во рака држам 67 потписи од пратеници во Собранието, коишто гарантираат можност за формирање нова влада. Очекувам Иванов да го даде мандатот што е можно побрзи за да можат да почнат преговорите за формирање нова влада. Сакам да им порачам на граѓаните и на институциите дека во Македонија следува мирен и брз трансфер на власта, изјави Заев.

Поврзани новости