(ВИДЕО) Кристијан ја испеа „We are blood“ во чест на неговиот вујко

by fokus

Кристијан Ристески, внукот на Тоше Проески, вечерва на концертот во живо ја испеа неговата песна „We are blood“, посветена на неговиот вујко.

Организатор на вечерашниот концерт е Фондацијата „Тоше Проески“ од каде што соопштија дека со овој концерт продолжува хуманата мисија на Тоше. Средствата се наменети за Домот без родители „11 Октомври“ во Скопје.

Поврзани новости