(Видео) Ковачки: Со Платформата 1198 предвидуваме целосна реконструкција на патиштата до Делчево и изградба на експресен пат од Кочани

by Fokus

И Делчево ја има таа несреќа да има градоначалник од Социјалдемократскиот сојуз. Замислете, во овој наш македонски град луѓето немаат ни автобуски превоз до Скопје, изјави Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3.

„Со „Платформата 1198“ со вкупно 1198 проекти, за овој крај предвидуваме изградба на експресен пат од Кочани до Делчево и тоа ќе го реализираме во период од двата мандати.

Исто така, предвидуваме целосна реконструкција на патиштата до Пехчево, односно до Берово.

Делчево како град, односно граѓаните на Делчево ќе ги добијат седумте милиони евра загарантирани од централниот буџет. Планираме како влада да инвестираме во овој крај и да го развиеме овој крај“ порача Ковачки.

Поврзани новости