(ВИДЕО) Контејнер од камион падна врз автомобил – кошаркарот зад воланот остана жив

by Fokus

Тешка сообраќајна несреќа се случи во Истанбул, за среќа помина без жртви.

Контејнер од камион падна врз автомобилот на кошаркарот на Анадолу Ефес, Брајант Данстон, а тој мина без посериозни повреди.

Возачот на камионот закочил откако видел дека на надвозникот под кој поминувал пишувало дека е за до висина од 4 метри.

Штом закочил, контејнерот кој го носел на приколката паднал врз автомобилот на кошаркарот Данстон, кој бил веднаш зад него.

– Минувавме под еден надвозник, се зачудив кога видов дека висината е четири метри и морав да закочам. Зад нас беше автомобил, контејнерот кој го носев падна врз него – изјавил возачот на камионот.

Данстон не заработил потешки повреди, веднаш бил однесен во најблиската болница и сега е во добра состојба.

Поврзани новости