Пијан Мексиканец уби пет лица во Тексас, меѓу жртвите е и дете

by Fokus

Пет лица се убиени во пукање во куќа Тексас, објави денеска ABC, повикувајќи се на локалната полиција и властите.

Пукањето се случило синоќа доцна навечер, а полицијата се уште трага по осомничениот.

Се работи за вооружен Мексиканец кој е во бегство и кој бил под дејство на алкохол.

Кога полицајците пристигнале, нашле пет жртви со прострелни рани, меѓу кои и едно осумгодишно дете.

Полицијата пронашла и две преживеани деца, под телата на две жени

Полицијата не го откри идентитетот на жртвите или нивната врска со осомничениот, но потврди дека тие се од Хондурас.

Четири лица се пронајдени мртви на местото на злосторството, а петтото лице починало на пат кон болница.

 

Поврзани новости