Постојат сериозни сомневања дека во настаните на 27 април кога насилната толпа влезе во Собранието, полицијата дејствувала во насока да се предизвика организиран хаос, објави емисијата КОД на телевизија Телма.
Во деталната анализа на крвавиот напад врз пратениците и новинарите, се истражуваат многубројните пропусти на полицијата, но и чудни чекори и потези внатре во МВР кои укажуваат дека е можно некој намерно да влијаел на предизвикување на упадот во Собранието.
За време на протестите биле присутни само 60 полицајци иако проценките биле дека пред Собранието ќе има околу пет илјади демонстранти, бројка за која би требало да бидат присутни најмалку 300 полицајци.
КОД објави дека шипките од безбедносните врати во Собранието заради кои демонстрантите можеа да влезат внатре биле извадени од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Муковски и Василевски. Полицајците кои биле на лице место воопшто не ги спречиле пратениците во нивните активности.
Според информациите на Код, дел од лицата со фантомки кои маскирани упаднаа во Собранието се припадници на УБК, дел се од специјалната единица Алфи, додека дел се криминалци. Некои од нив имаат оружје, носат и боксачи и ножеви.
Повеќе детали за пропустите на полицијата во крвавиот 27 април во видеото.