СДК: Сеад Кочан бил примен како итен случај на скопските клиники

by Fokus 09:43
09:43

Сеад Кочан, бизнисменот што полицијата до петокот го бараше со потерница затоа што е осомничен во еден од случаите на Специјалното јавно обвинителство,  ноќеска бил примен како итен случај во една од клиниките на Клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК.

Според информации на медумот, Кочан во доцните попладневни часови бил забележан во Клиничкиот центар. На клиниката каде што се пријавил како итен случај дошол само во придружба на сопругата.

- Advertisements -

Претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски со уште четворица врховни судии од Кривичниот совет во петокот донел одлука да му се укине притворот на осомничениот Кочан.

Поврзани новости