Груевски не сака реизбор на судии, СДСМ вели тој не се прашува

by Fokus 23:10
23:10

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи реизбор на судии и партизација на судството, изјави денеска лидерот на оваа партија Никола Груевски, за најавите на СДСМ дека една од првите работи кои ќе ги направи новата Влада е реизбор на комлетното судство.

Груевски најави дека неговата партија ќе направи се за како што вели „да го спречи партизирањето на судството од страна на СДСМ“.

- Advertisements -
Banner 300x250_

„ВМРО-ДПМНЕ ќе стои цврсто да се спречи партизација на судството, да се спречи контрола на судството од страна на СДСМ, затоа што СДСМ има долга историја на правење обиди на контролирање на судството, на негово партизирање, на вклучување на партиски кадри и на негова целосна контрола. Улогата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде да го спречи тоа и ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се што е во негова моќ да го спречи партизирањето на судството. Граѓаните може да бидат спокојни, особено судиите, дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи реизбор на судиите во Република Македонија“, изјави Груевски.

Од СДСМ пак соопштија дека реизбор во судството ќе има и Груевски за тоа не се прашува.

„Граѓаните гласаа за промени и избраа Македонија да биде правна држава, а тоа подразбира темелни реформи во судскиот систем и реизбор во судството спроведен според најдобрите европски пракси. Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ не можат со ниту една лага и манипулација да го спасат сваровски судството. Секој кој работел противзаконски на штета на граѓаните ќе одговара пред независни судски органи. Груевски веќе не се прашува за ништо. Очекуваме чесните и одговорни политичари и пратеници во опзициската ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржат реформските процеси за европска Македонија, што подразбираат и независно судство и владеење на правото“, велат од СДСМ.

Поврзани новости