544
Заврши распитот на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Порталот А1 Он објави видео од моментите кога Јанкулоска го напушта Судот во кој денеска помина десетина часа. Таа не беше расположена да одговори на новинарските прашања.
Како и за останатите осомничени во случајот „Титаник“ кои досега беа испрашани, и за Гордана Јанкулоска Судот го одби барањето на Специјалното обвинителство и не одреди мерка притвор.
Мерка притвор не е одредена ниту за поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, кој во исто време со Јанкулоска го напушти Судот.