Љубе Бошкоски пет часа беше на распит во Специјалното обвинителство

by Фокус 20:03
20:03

Заврши распитот на Љубе Бошкоски, кој во Специјалното обвинителство беше донесен со полициско обезбедување од затворот во Идризово. Неговиот адвокат Константин Кратовалиев соопшти дека Бошкоски одговарал на прашањата на Специјалното јавно обвинителство поврзани со случајот „Кампања”, за кој беше осуден и отслужува 7-годишна затворска казна. Распитот траеше пет часа.

Како што рече адвокатот, било зборувано за дејствија коишто се спротивни на законот од страна на органите, а коишто се поврзани со процесот „Кампања“.

- Advertisements -

На Бошковски наскоро му истекува затворската казна за овој случај и се очекува за неколку месеци, најрано во март, а најдоцна во јуни да излезе од затвор.

 

Поврзани новости