(ВИДЕО) Јајоска: Сопругата на Влатко Ѓорчев, добивала по 1.200 евра преку Министерството за надворешни работи

by Fokus 21:55
21:55

Додека младите студенти во Македонија живеат во лоши, нехумани услови, со печурки во влажните соби, срушени тавани и бубашваби во храната, функционерите на ВМРО-ДПМНЕ се богатат на грбот на граѓаните, реагира Рената Јајоска, член на Извршниот одбор на СДММ.

-Преку Министерството за надворешни работи, сопругата на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, добивала месечен надомест од 1.200 евра! Тоа се околу 15.000 евра за период од околу една година. Во 2008-ма година, тогашниот министер за надворешни работи од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, формирал посебно Советодавно тело за соработка со Европскиот парламент. За член на тоа тело е избрана Сузана Петри, сопруга на пратеникот од ВМРО-ДМНЕ, Влатко Ѓорчев – тврди Јајоска.

- Advertising -

Според неа, соогласно овој Договор покрај споменатите 1.200 евра месечно, сопругата на Ѓорчев, добивала и платени привилегии како: хотелско сместување, пари за сметка од мобилен телефон од 2.000 денари и повратен билет на релација Скопје-Брисел, Скопје- Стразбур.

– Но тоа очигледно не било доволно. Со анекс на Договорот и Сузана добива пари и за такси превоз и превоз со воз. Се на товар на граѓаните на Република Македонија. Она што претставува законски проблем е тоа што Влатко Ѓорчев, хонорарите од 1.200
евра за неговата сопруга ги нема наведено во Анектниот лист. Зошто Ѓорчев не ги пријавил овие хонорари на неговата сопруга во Анкетниот лист? Има ли Влатко Ѓорчев и други непријавени приходи? – прашуваат од СДММ.

 

Поврзани новости