Илјадници Палестинци биле на погребот на Ширин Абу Аклех, нивната истакната новинарка убиена во израелска операција во Ерусалим што го одбележа упадот на израелската полиција на почетокот на погребната поворка.
Европската унија ја осуди „прекумерната употреба на сила и непочитувањето на израелската полиција кон учесниците во погребната поворка“, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.
Белата куќа, пак, соопшти дека е „крајно вознемирена“ од снимката од погребот.
Додека ковчегот бил изваден од болницата Свети Јосиф во источен Ерусалим, палестински сектор на градот окупиран и под истрага од еврејската држава, израелската полиција упадна во дворот на болницата и се обиде да ја растера толпата со палестински знамиња.
Ковчегот за малку ќе им испаднеше од рацете на оние кои го носеа поради туркање од полицајците, но бил фатен во последен момент, според снимките на локалната телевизија, на кои се гледа и дека полицајците користат палки.
Unbelievable pictures of Israeli forces attacking mourners carrying the coffin of Shireen Abu Akleh to church for her funeral in Occupied East Jerusalem.
Absolutely heart stopping moment when it looks like casket may fall.
Live coverage on @AJEnglish pic.twitter.com/k5OYh5POwq— Barbara Serra (@BarbaraGSerra) May 13, 2022
Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека на погребот биле повредени 33 лица.
Израелската полиција соопшти дека уапсила шест лица.
Во средата, американско-палестинската новинарка на Ал Џезира, беше застрелана во главата додека известуваше за израелски напад на бегалски камп во Џенин, северно од Западниот Брег, палестинска територија окупирана од Израел во 1967 година.
Израел првично тврдеше дека „најверојатно“ била убиена од палестински куршум.
Но, еврејската држава тогаш соопшти дека не ја исклучува можноста куршумот да го испукале нивните војници.
Палестинските власти, Ал Џезира и катарската влада ја обвинија израелската војска за нејзиното убиство.