Трајковски: Да избереме нов лидер на НСДП во демократски дух

by Фокус 15:11
15:11

Во демократски дух треба да биде избран новиот лидер на НСДП, вели за Фокус Кристијан Трајковски, кој поднесе кандидатура за нов лидер и достави програма за работа.

Претходно, се уште актуелниот партиски лидер Тито Петковски ни изјави дека нема да даде поддршка за еден кандидат, ниту за кандидат што не доставил програма.

Единствен кандидат што доставил програма е Трајковски, додека 10 членови на Извршниот одбор застанаа зад Горан Мисовски, кој, според досегашните информации, тој не доставил програма.

К.С.Б.

Поврзани новости