(Видео-интервју) #РетвитниОброк: Со заедничко готвење донираат по 150 оброци неделно

by Фокус

Младинската организација People to People International Skopje во рамки на проектот „Здружени за слободно изразување“ го направи и второто интервју, овојпат со Гоце Дрнев и Викторија Мирческа од хуманитарната иницијатива #РетвитниОброк.

Иницијативата родена на социјалната мрежа Твитер пред една година, денес обезбедува по 150 оброци неделно за оние кои не се привилегирани сами да си го обезбедат оброкот. Оброците ги приготвуваат луѓето вклучени во оваа хуманитарна иницијатива, а секој може да им се придружи во готвењето или да донира намирници.

За тоа која е целта на #РетвитниОброк, како може да се придружите или донирате, но и како изгледа едно заедничко приготвување на оброците, слушнете од Гоце и Викторија.

 

Во рамки на акцијата „Здружени за слободно изразување“ се прикажуваат позитивни примери на граѓанско здружување. Оваа акција се спроведува во рамки на проектот „Застапување за слобода на изразување“ на НВО Инфоцентарот и ЦРМ, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество, кој го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Поврзани новости