СДСМ: МРТВ ги крие долговите, а УЈП ја толерира

by Фокус 11:26
11:26

Во својот последен годишен извештај за 2015 година МРТВ вели дека остварила добивка од 1,56 милион евра. МРТВ во последните две години за три пати го има зголемено долгот по основ на даноци, реагираат од опозицискиот СДСМ, кои ја соопштија должничката црна листа на УЈП каде повтоrно ја оцрни Македонската радио телевизија со долг по основ на неплатени даноци во висина од 1,205 милион евра.

Од партијата бараат одговор дали МРТВ почна да го крие своето лошо работење, а УЈП да го толерира таквото лошо работење?

– На должничката листа број 01/2016 за доспеани долгови до 20.09.2015, а неплатени до 31.12.2015, Македонската радио телевизија се најде на 14-то место со долг од 2 милиони евра по основ на ДДВ и данок на добивка. Должничката листа на УЈП открива дека МТВ и понатаму во 2016 година има екстремно висок долг од 1, 205 милион евра по основ на неплатени даноци.По кој основ Македонската радио телевизија во својот последен годишен извештај за 2015 си прикажува позитивен финансиски резултат повисок од 1 милион евра, а реално трупа долгови кон УЈП од 2 милиони евра во 2015? – прашуваат од СДСМ:

- Advertising -

Според нив, УЈП тоа не го крие, а МРТВ постојано е на должничките листи.

– Очигледно го толерира ваквото расипничко однесување на јавниот сервис. Додека десетици илјади граѓани, меѓу кои и приматели на социјална помош и невработени лица имаат блокирани сметки за радиодифузна такса јавниот сервис на власта МТВ слободно трупа долгови по основ на даноци, а Управата за јавни приходи, освен што краткорочно ја блокираше сметката на МРТВ, не превзема ништо друго – реагираат од најголемата опозициска партија.

 

Поврзани новости