Села бара од Хајндл и албанската опозиција да се вклучи во преговорите

by Фокус 12:09
12:09

Зијадин Села, лидер на Движењето за Реформи ДПА испрати писмо до германскиот амбасадор во Австрија, Јоханес Хајндл, кој денеска доаѓа во Македонија како специјален пратеник за политичката криза.

Села смета вели дека со самото тоа што се именува дипломат со извонредно искуство на чело на задачата се докажува сериозноста со која Германија пристапува кон решавањето на политичката криза во Македонија.

- Advertisements -

Според него, преговорите досега се одвивале нетранспарентно, а во разговори треба да биде вклучена и албанската опозиција.

– Во функција на ова, ние како ДР-ДПА бараме сериозно да се разгледуваат следните точки: редуцирање на изборните единици од 6 во една единствена изборна единица, со цел секој глас да биде вреднуван, отворени избирачки списоци, реформатирање на ДИК со професионалци и непартиски представници, разгледување на 330.000 сомнителни гласачи и нивно бришење, нов закон за медиуми и разрешување на сегашните избирачки совети во гласачки места и именување на нови совети како и ставање пред одговорноста на оние кои биле учесници во фалцификувањето на легитимитетот на предходните изборни циклуси – бараат од Движењето за Реформи ДПА.

 

Поврзани новости