ВИДЕО: Хаос на летот Приштина-Базел, силни турбуленции ги преплашија патниците

by fokus

Патниците во авион на бугарска авиокомпанија скокале од седиштата поради силни турбуленции сè до плафонот, и еден врз друг. Десетмина се повредени. Еден од патниците го снимил ужасниот момент.

Авионот, кој летал кон Базел, Швајцарија, од Приштина, Косово, наишол на силни турбуленции околу 30 минути по полетувањето, што предизвикало нагло паѓање на висината, поради што патниците „летнале“ во воздух.

Мислам дека бев во несвест еден краток миг“, изјави 51-годишниот патник Идриз Брахим за швајцарскиот весник 20 Минутен. Брахим, кој претрпел потрес на мозокот, рече дека се сеќава само на врисоците на своите сопатници пред да тресне со глава на плафонот на боингот 737-300.

На видеото може да се види како „лета“ и количката за храна, а нејзината содржина, вклучувајќи и топол чај и кафе, се распрскува врз патниците.

Десетмина од 121 патник во авионот побарале третман за своите повреди по инцидентот, некои од нив за изгореници.

Поврзани новости