Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска кога треба да се избира нов претседател на Собранието, не е во Македонија. Со лет на „Туркиш Ерланјс“, Груевски денеска претпладне замина од Скопје за Истанбул.
Екипа на емисијата „360 Степени“ го сними Груевски по слетувањето на аеродромот „Ататурк“ близу Истанбул. Освен лице од протоколот и членови на обезбедувањето, со Груевски нема други познати членови на партијата или на семејството. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во Истанбул го пречека амбасадорот на РМ во Турција, Звонко Муцунски, чие седиште инаку е во Анкара.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Груевски со партиска делегација од денеска ќе присуствува на конгрес на Европската народна партија (ЕПП), кој се одржува на Малта. На официјалната интернет-страница на ЕПП може да се прочита дека конгресот на Малта почнува в среда, 29 март 2017 година.