Собраниската седница затворена за медиумите, Милошоски вели дека спикерот треба да биде од ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Започна продолжението на конститутивната седница на Собранието, но таа е затворена за медиумите. Собраниските служби не им дозволија на новинарите и на снимателите да ја следат седницата од галеријата, затоа што таа била резервирана за дипломатите.

По почетокот на седницата, Антонио Милошоски побара од секој кандидат за претседател на Собранието да ја отфрли албанската платформа.

Според него, претседателот на Комисијата за избори и именувања и претседателот на Собранието секогаш доаѓаат од победничката пратеничка група, а таа на овие последни избори беше ВМРО-ДПМНЕ.

-Собранието не треба да го води претседател кој нема политички и личен интегритет да отфрли и да осуди платформи составени во туѓи држави и за туѓи интереси. Секој кој себеси се смета за потенцијален кандидат за претседател на Собранието на РМ треба да даде јасна и недвосмислена изјава за отфрлање и осуда на туѓи платформи. Тој нема да се залага и досега не се залагал за ревизија на Охридскиот рамковен договор, рече Милошоски.

Поврзани новости