576
Се запали автобус на Јавното сообраќајно претпријатие со број 5 во Ѓорче Петров, а според првичните сознанија причина за пожарот била неисправна инсталација, дознава „Фокус“.
Директорот на ЈСП, Кристијан Чушков, вели дека нема повредени и дека патниците излегле на време.
-Најверојатно причина е инсталацијата, но допрва ќе се врши вештачење. За среќа нема повредени патници, сите се добро – изјави Чушков и тврди дека ЈСП редовно ги одржува автобусите.
Овде може да го видите видеото од автобусот во пламен, кое беше објавено на Ѕидот на сообраќајниот срам.