ВИДЕО Голем пожар близу Ерусалим

by fokus

Голем пожар избувна во предградието на Ерусалим, што резултираше со евакуација на населението од населбите Мала Хахамиса и Јад Хашмон, соопшти денеска полицијата.

Во соопштението се вели дека автопатот од Ерусалим до Тел Авив е затворен долж железничката линија што ги поврзува двата најголеми града во Израел.

Пожарникарите се на терен и го гаснат пожарот. Сe уште нема податоци за причините за пожарот што се шири во шумата недалеку од населените места надвор од Ерусалим.

Поврзани новости