Напаѓачот на Макрон оди на суд

by fokus

Откако вчера беше удрен со шлаканица од граѓанин при посетата на југоисточниот дел на Франција, францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека го разбира незадоволството на граѓаните, но воедно порача дека насилството е целосно неприфатливо во демократска држава.

-Го разбирам гневот на граѓаните. Јас го прифаќам фактот дека постои гнев што граѓаните мора легитимно да го изразат. Јас сум во редовен контакт со луѓе кои изразуваат гнев и вознемиреност во врска со одредени одлуки, и секогаш сум тука за да го слушнам тоа, и понекогаш можам да дадам одговори на прашања, но понекогаш не. Сепак, насилството е целосно неприфатливо, особено во демократијата – рече францускиот претседател.

Младиот маж кој му удри шлаканица на Макрон утре ќе биде изведен пред суд. Oбвинителството утре изутрина ќе поднесе обвинение против напаѓачот,  a oбвинението за напад на јавен службеник во Франција предвидува максимална затворска казна од три години и парична казна од 45.000 евра.

Поврзани новости