(ВИДЕО) Фатиле крадец кој упаднал во куќа во БиХ, го претепале и го врзале

by Fokus

Во Босна и Херцеговина има зголемен број кражби и провалувања во семејни куќи, викендички и деловни простории, пишуваат локалните медиуми.

Мета на крадци бил и маж од местото Живинце. Тој затекнал крадци како упаднале во неговата семејна куќа.

По неколку минути едниот крадец е фатен, а другиот успеал да побегне без пленот, пишува „Санџак данас“.

Сопственикот на куќата со роднини и соседи го претепал крадецот, го врзал за стол, а потоа снимал со камера за да им испрати порака на другите крадци, да не доаѓаат во нивната населба.

Видеото е објавено на социјалните мрежи, а случајот е пријавен кај надлежните.

Поврзани новости