783
Ескалираа протестите во Црна Гора. Премиерот Здравко Кривокапиќ тврди дека неговата ќерка била нападната од група демонстранти на патот Никшиќ-Подгорица.
-Денес беше нападнато службеното возило во кое беше нападната мојата ќерка, инаку заштитено лице. Како татко, нема да ги заборавам нејзините солзи и страв. Како премиер, нема да ви дозволам дивјаштво и беззаконие – порача црногорскиот премиер.
Инцидентот се случи во пресрет на закажаниот протест пред владата против најавените промени на критериумите за стекнување црногорско државјанство и измените на Законот за престој.