Докиќ: Ниеден пациент не е вратен, смртноста во ковид-центрите е 25 проценти

by Фокус

Најголем број 80 проценти од лицата кои доаѓаат во тријажните Ковид центри се со лесна клиничка слика и не треба хоспитализација затоа што немаат потреба од кислород. Доколку кај некој се утврди потреба од хоспитализација од сиптомите се одредува каде има слободно место адекватно за неговата состојба. Ниту еден пациент не е вратен, вели Дејан Докиќ, директор на Клиниката за пулмологија и координатор на ковид центрите на Клиничкиот центар.

-Смртноста кај нас во ковид-центрите на интерните клиники е 25 проценти. Во европски рамки е од 22 до 30, значи ние се наоѓаме некаде на средина од оние бројки коишто се во другите европски земји. Од тие што починале повеќе биле мажи. Старосната група на оние што починале најголем број се меѓу 70 и 80 години, па потоа меѓу 60 и 70, значи не е изненадувачки – рече Докиќ.

Во однос на коморбидни состојби кај тие што починале, додава тој, во најголем процент била застапена хипертензијата или покачениот крвен притисок, па потоа следат кардиоваскуларните заболувања, дијабетесот, обезноста, респираторните болести, бубрежни болести…

Поврзани новости