ВИДЕО Емини: Не паничете од министерот за Култура кој го предложи Беса

by fokus

По официјалното соопштение дека Движењето Беса ќе го води Министерството за Култура на Владата на Република Македонија, во последниве денови се зачестија реакциите на некои личности од јавниот живот и невладините организации, кои се спротивставуваат на оваа одлука со разни оправдувања, рече на прес конференција Флорина Емини од крилото на Беса на Гаши.

-Почитувајќи го нивниот став, како и изразувајќи подготвеност да разговараме и да комуницираме со сите тие со што се загрозува културата во Македонија ако таа ќе биде предводена од Движењето Беса, без да ги прејудицираме мотивите на таквите реакции, сакаме да објасниме дека ако некоја албанска партија во Македонија заслужувала да биде дел од оваа влада, таа е Движење Беса. Таквите невладини организации треба да се сетат, бидејќи не беше тоа одамна, дека единствените Албанци во протестите организирани во текот на 2015 година, а и подоцна, на улиците на Скопје, беа токму врвните експоненти на Движењето Беса, вклучително и актуелниот претседател, Африм Гаши. Ако некој не се сеќава, доволно е да ги прелистува сликите од тој период. Покрај тоа, пред неколку дена премиерот рече дека претходниот режим во борбата за елиминација на опозициските сили, покрај СДСМ, исто така ја имал на мета и Движењето Беса, рече Емини.

Таа вели дека нема потреба од никаква паника и додава дека граѓаните не се доволно информирани за Беса бидејќи политичките противници ја демонизирале партијата во нивните очи.

-Движењето Беса – потсетувајќи дека министерските позиции се политички функции – останува отворена за дијалог со сите политички и невладини фактори во земјата, како и подготвена да разговара и комуницира за сите, додека Министерот за Култура од редовите на Беса ќе биде токму новиот албански дух што сакавме да го донесеме ние по падот на режимот. Тој ќе биде подготвен да ги сослуша сите предлози, жалби, сугестии и критики од јавноста, без оглед на етничка припадност, сето ова со цел да се произведат вистински културни вредности за доброто на сите граѓани и на земјата воопшто, изјави Емини.

Поврзани новости